Мурињо: Игравме очајно, но заостануваме само два, не 20 бода

29 ноември, 20100

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо не го криел разочарувањето по дебаклот на гостувањето кај Барселона, која славеше со 5:0. “Ништо не сторивме како што требаше на овој натпревар. Ништо не реализиравме од нашите планови. Сега, по поразот, сме два бода зад лидерот на табелата. Два бода, не дваесет. Мора да продолжиме таму каде што застанавме.” – била првата рекација на Мурињо по поразот на “Камп Ноу”. “Дали се посрамотивме? Не би рекол, но лично го доживеав најголемиот пораз во кариерата. Ниту еден тим досега ме нема победено со 5-0. Но ова е пораз кој лесно се надминува, не носи никакви последици. ЈАсно е дека сме тажни поради резултатот, но нема горчина во устата” – изјавил Мурињо и додал: “Мечот е лесен за коментирање, Барселона одигра најдобро што знае, а ние не одигравме ништо. Нивната победа во целост е заслужена, исто како и нашиот пораз.”

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi