Тренерот на Реал го нападна ривалот Барселона дека екипите што играат против нив се одмараат и потчинуваат пред Каталонците. ”Посебниот” кој впрочем така самиот тој се нарекува, го нападна тренерот на Хихон, кој за натпреварот на Camp Nou, ги изоставил неколку од стандардните првотимци во победата на Барселона од 1:0. ”Ако тука има тимови кои на Барса и поклонуваат бодови ке ни биде многу тешко да ја освоиме лигата, го испровоцира Мурињо најголемиот ривал”. Тој на почеток на сезоната изјави дека на Барса и е полесно бидејќи има играч повеќе. Искоментира и за егото на неговиот најдобар играч, за тврдењата дека е себичен и нарцис. Напаѓачот мора да биде себичен. Неговиот егоизам е позитивен и тоа е битна карактеристика на напаѓач кој постиггнува многу голови. Против Еспањол, Роналдо се враќаше назад во линијата , што покажува дека е тимски играч, а не себичен, изјави Мурињо.