На кого Меси ги посветува головите?

9 декември, 20100

Аргентинецот има карактеристичен начин на прослава на головите, ги подигнува рацете кон небото. Не е во прашање религиозноста како што повеќето мислат. Напаѓачот на Барселона Лионел Меси овие денови има малку згуснат распоред , бидејќи се занимава и со хуманитарна работа по училиштата во Шпанија. “Започнав да играм фудбал, бидејќи го сакав тоа. Сега го работам тоа не бидејќи е моја професија, бидејќи спортот ми овозможува големо задовоство. Ќе продолжам да го гледам фудбалот како игра” изјави Меси и објасни зошто гледа кон небото кога ќе постигне гол. “Тоа го правам бидејќи својте голови и ги посветувам на својата баба. Таа ме насочи кон фудбалот, а сега од небото може да види колку далеку успеав да стигнам. Она продолжува да ми помага мене и на мојата фамилија” изјави Меси, разговарајќи со учениците во едно училиште во Барселона.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi