Надал го победи Ѓоковиќ

24 ноември, 20100

Светскиот рекет број еден Рафаел Надал, и третиот на листата Србинот Новак Ѓоковиќ беа во жестока битка повеќе од еден час, пред Ѓоковиќ загуби својот фокус, откако му настанаа проблеми со окото. Надал успеа да го искористи тоа и побрза да го добие мечот со резултат во сетовите од 7:5 / 6:2, пред полната О2 Арена. “Знаете, игрњето меч со едно око е недоволно, особено ако имате Надал од другата страна на мрежата,” изјавил Ѓоковиќ, на кого му беше потребно лекување, поради иритација на десното око. “Се што можев да направам беше во да ја погодам топката и да удирам што појако. Вистинскиот џентлмен надвор од теренот, Надал додека игра ретко покажува милост на истиот, и покрај изедначената добра игра во првите 76 минути со Ѓоковиќ, Шпанецот успеа да го освои првиот сет, а потоа и вториот за нешто повеќе од половина час. Надал ја предводи групата А со две победи во два меча, но сепак поради комплексноста на форматот и групите, тој сеуште нема осигурано место во полуфиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *