Најфасцинантните природни феномени

9 декември, 20100
red_tide 2

Aurora Borealis – Несомнено еден од најубавите настани што се случуваат во нашиот свет е токму овој феномен на природата, исто така познат како “Поларната светлина”. Луѓето беа вџашени и воодушевени, кога за прв пат беше откриена. Овој феномен се случува кога сонцето испушта високо-енергетски честички (исто така наречени јони), кои патуваат во вселената со брзина од 300 – 1.200 километри во секунда. Овој облак на честички, се нарекува плазма. Потокот од плазма кој доаѓа од Сонцето е познат како сончев ветер. Како што сончевиот ветер се поврзува со работ на магнетното поле на земјата, некои од честичките се заробени од неа, и тие ги следат линиите на магнетната сила долу во јоносферата, во делот на земјината атмосфера која се протега од околу 60 до 600 километри над земјината површина. Кога честичките се судираат со гасовите во јоносферата тие почнуваат да светат, производство на спектаклот што го знаеме како auroras, северна и јужна.
Mammatus облаци – Исто така тие се познати и како mammatocumulus, што значи “трновити облаци”. Тие се како торбички кои висат под подножјето на еден облак. Составени главно од мраз, Mammatus облаците може да се прошират стотици милји во секоја насока, додека индивидуалните формации можат да останат видливи, статички, само околу десеттина-петнаесет минути. Овие облаци најчесто се најавувачи на бура или други екстремни временски непогоди.
Црвената плима – позната како цутот на алгите. Тоа е природен настан за речните, морските, или слатките води, во кои брзо се акумулираат алгите во водата, и тоа во колона и може да се конвертира целата област на океанот или на плажата во крв црвена боја. Овој феномен е предизвикан од високите нивоа на фитопланктонот кој се акумулира и формира густи, видливи облаци во близина на површината на водата. Иако некои од овие можат да бидат релативно безопасни, некои може да бидат најавувачи на смртоносните токсини кои предизвикуваат смрт на рибите, птиците и морските цицачи. Во некои случаи, дури и луѓето може да бидат повредени.
Penitentes – ова се шилести мразулци кои може да се најдат на планинските глечери и варираат во висина од неколку сантиметри до 5 метри во височина. Првично, Сончевите зраци предизвикуваат дупчиња на површината на снегот. Откако таквата падина ќе се формира, сончевата светлина може да се гледа во рамките на падината, зголемувајќи ја локализираната сублимација. Бидејќи ова се забрзува, се формираат врвови од мраз.
Движење на камењата – Мистериозното движење на камењата во пустината на Death Valley се центар на научната контроверзија со децении. Карпи со тежина до неколку стотици килограми се движат до неколку стотици метри. Некои научници сметаат дека ова се должи на комбинацијата од силни ветрови и површинскиот мраз. Сепак, оваа теорија не дава докази за тоа како различни карпи се движат со различна брзина и во различни насоки. И физичките пресметки не целосно ја поддржува оваа теорија,колкава силина на ветер е потребна за да ги придвижи овие камења.
Supercells – ова име е дадено заради постојаното ротирање и зарди тоа што изгледа страшно чист. Тоа се изолирани бури, кои може да траат со часови, а понекогаш може да се поделат на два дела, со тоа што една бура од ветар оди лево а другата десно. Тие можат да донесат огромни количини на град, дожд и ветер и често се одговорни за торнадото. Најчесто ги има во Great Plains во САД.
Огнени витли – Ова е појава на торнадо пожар. Ретка појава во која со огнот, под одредени услови, во зависност од температурата на воздухот и струите, се појавува во вертикални форми. Најчесто се случува за време на шумските пожари. Вертикална ротација на столбовите од оган се формираат кога на воздушните струи и температурата се идеални за нивно формирање, и создавање на торнадо ефект. Тие можат да бидат високи 30- 200 метри, и до 10 метри широки, но траат само неколку минути, иако некои можат да траат и подолго доколку се силни ветровите.
Кругови од мраз – Тоа е ретка појава, која обично се гледа само во екстремно студени земји. Ледените круговите се формираат кога во центарот на едно тело во водата се формираат густи површини од мраз, погуст отколку на краевите. Многу бавно рабовите се спуштаат надолу додека не се формира јазот момеѓу него и околниот мраз. Овие ледени кругови може да бидат со дијаметар од над 500 метри, а исто така, некогаш да се најдат во кластери и групи со различни големини.

Aurora borealis
Mammatus clouds
Red tide
Penitentes
Death Valley пустина во која камењата сами се движат
Supercells
Огнени витли
Ice circles

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *