Kaia Larse успеа да го фотографира моментот на напад од јато птици врз воениот авион Е – 6В. Оваа слика многу наликува на сцена од филмот на Хичког, Птици. За среќа пилотот успешно се справи со оваа ситуација, знаејќи колку може да биде опасно. Судирот меѓу птиците и авионите може да предизвика катастрофални дефекти на моторот. До сега, во последниве 20 години имаат загинато повеќе од 200 лица како резултат на вакви судири.