Озонската дупка над Антартикот се намалува. Според Новозеландскиот Национален Институт за истражување на водата и атмосферата озонската дупка е најмала во последните пет години. Научникот Стефен Вуд изјавил дека меѓународните инцијативи, како што е Монтреалскиот протокол од 1987 година, со кој е договорено постепено повлекување на хлорофлуорјаглерод и други состојки кои го разредуваат озонот, изгледа дека делуваат. Вуд рекол дека копнените и сателитски оценки покажале дека озонската дупка над Антартикот е со големина околу 22 милиони километри квадратни, а дефицитот од озонска маса е приближно 27 милиони тони оваа година. Лани мерењата покажаа 24 милиони километри квадратни и 35 милиони тони. Според Вуд, ова е покажател дека “можеби ќе поче опоравување“ на озонот.
Извор: Нетпрес