Најбрзиот воз во светот достигна 486 километри на час

3 декември, 20100

Кина повторно го урна светскиот рекорд со брзи возови. Најновиот супербрз воз во текот на пробната возење достигна фантастични 486,1 километри на час. Возот ЦРХ380А бил испробан на делница долга 1.318 километри, која ги поврзува Пекинг и Шангај, јавува “Ројтерс“, пренесува Нетпрес. Во иднина, патувањето меѓу овие две кинески метрополи би требало да трае не повеќе од пет часа, а новиот воз, според најавите, ќе биде пуштен во сообраќај идната година. Кина планира да изгради 13.000 километри железничка пруга за брзи возови, и тоа само до 2012 година. Тие 13.000 километри пруга се всушност повеќе отколку што целиот свет има вкупно. Според извештајот на кинеската влада, до 2020 година мрежата ќе опслужува 90 отсто од населението, а целата инвестиција ќе чини околу 300 милијарди американски долари.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi