Земја проголтала куќа во Тузла, тројца мртви

5 декември, 20100

Семејна куќа пропаднала во земја во близина на босанскиот град Тузла, денеска, а спасувачките екипи успеале жив да го извлечат само сопственик, додека неговата мајка, синот и сопругата не преживеале, јавуваат медиумите во БиХ, пренесува Нетпрес. Ќамил Салкиќ бил спасен кратко време откако во земја пропаднале два ката од неговата куќа. По неколкучасовно пребарување, биле најдени безживотните тела на неговата сопруга Зилка и на неговата мајка. Босанската полиција информриала дека подоцна било извлечено и безживотното тело на синот на Ќамил, Нермин (21). Лизгањето на земјиштето се случило околу 4.30 часот, а куќата ја влечело педесетина метри по удолнина. Два ката потонале во земјата, а над површината останал само кровот. Месното население тврди дека имало потрес и помрднување на тлото. Во трагдеијата која го нашла, Ќамил бил лесно повреден и веднаш бил одвезен во најблиската болница. Лизгањето на земјиштето загрозило уште неколку куќи, кои поради мерки на претпазливост, биле евакуирани.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *