САД се подготвени да ја бранат Јужна Кореја, изјавил американскиот претседател Барак Обама. Неговата изјава доаѓа по вчерашната размена на оган меѓу двете Кореи. “Јужна Кореја е наш сојузник од Корејската војна. Силно ја потврдуваме нашата решителност да ја браниме Јужна Кореја како дел од тоа сојузништво“; рекол Обама за телевизиската мрежа АБС. За него нападот од Северна Кореја бил уште еден провокативен инцидент. “Силно го осудуваме тој напад и настојуваме да ја собереме меѓународната заедница за вршење притисок врз Северна Кореја“, посочил американскиот државник. Посебно ја споменал Кина, која се споменува како главен сојузник на Пјонгјанг.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk