Огромниот багаж на Бикторија Бекам

27 септември, 20100

Викторија Бекам се одјавила од хотел во Њујорк со багаж од 10 куфери, јавува лондонскиот “Mirror“. Вработените во хотелот биле принудени да и помогнат да ги наполни куферите со различна гардероба, чевли, разни женски чанти, накит и додатоци, шминки и козметика и да ги однесат во нејзината лимузина. Несвојствено за неа, и самата пренела еден од куферите. На вработените им било кажано дека поранешната “зачинета“ девојка има примероци од нејзината нова дизајнерска колекција за пролет 2011 година и многу гардероба од познати дизајнери. За да се врати во Лос Анџелес, Викторија морала да плати голема сума за својот багаж, но тоа сепак не било проблем за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *