Оптички илузии

28 јули, 20100
fatamorgana

Оптичка илузија е секоја илузија која го мами човековиот визуелен систем преку перцепирање на нешто што не е присутно или погрешна перцепција на она што се прикажува.Откријте го светот на оптички илузии, во кој вашите очи и мозок можат да ве измамат. Ова се примери за физички илузии каде што она што го гледаме всушност не е таму, а причина за илузијата е однесувањето на светлината пред да стигне во окото.

Феноменот Фатаморгана
Фатаморганата е природна илузија која е оптички феномен. Таа се создава со рефлектирање на светлина кога поминува во слој на топол воздух што се наоѓа близу до загреана површина на земјата. Во пустините фатаморганата може да создаде илузија на езеро во далечината (што всушност е одраз на небото, рефлектиран од топлиот воздух).

Антисоларни зраци
Антисоларните зраци обично се гледаат во правец спроти сонцето. Тие се формираат од сончевата светлина која е расфрлана како честички прашина или водена пареа. Облаците можат да го блокираат сонцето на некои места, што предизвикува светлосните зраци да станат видливи. Сончевите зраци се сите паралелни еден со друг, затоа што сонцето е премногу далеку.

Виножито
За виножитото не постои конкретна локација. Локацијата е определена само од позицијата на набљудувачот во однос на сонцето и дождот. Виножитото навидум е реален предмет, но ние никогаш не можеме да го дофатиме.

Илузија огледало (рефлексија)
Огледалото создава “илузија” на друг предмет или личност кои што се присутни.

Прекршување
Светлосниот зрак се прекршува во остар агол кога влегува во средство со различна густина . Густината на материјалот влијае на брзината на светлосниот зрак кој патува низ него. Сламката во чаша со вода, на дното изгледа како прекршена.

Фатаморгана
Антисоларни зраци
Виножито
Илузија огледало-рефлексија
Прекршување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi