Американски научници од универзитетот Вирџинија Теч ја откриле тајната на летачките змиите од Азија. Во воздух нивното тело произведувало аеродинамични движења, што им овозможувале да летаат. Истражувачите ги снимале змиите како скокаат од кула висока пет метри. Нивните тела ги обоиле со бела боја, за полесно да ги следат нивните движења. Добиените резултати докажале дека овие влечуги не скокаат случајно, туку својата вештина ја користеле за полесен лов.
Извор: Нетпрес