“Вратата на НАТО ќе остане затворена, а процесот на интеграција во Европската унија замрзнат се додека Скопје инсистира на бескомпромисниот став во однос на прашањето за името“, изјавил синока во Софија, претседателот на Грција, Карлос Папуљас.
Тој рекол дека неговата земја поддржува решение што ќе ја одразува реалноста во регионот, пренесуваат денес медиумите во грција.
Грчкиот државник оценил дека проблемот е во тоа што “Скопје го прикажува целото географско подрачје Македонија како татковина на својата нација“.
Грција, како што рече, ја поддржува евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан, под услов да ги исполнат критериумите што им ги постави Унијата.
Папуљас од Софија, каде се наоѓа во дводневна посета испратил порака и до Турција, наведувајќи дека продолжувањето на поделбата на Кипар влијае на односите меѓу Атина и Анкара и е суштинска пречка за односите на Турција со ЕУ.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk