
Еден поштар во Америка бил уапсен зошто соема гол отишол во една канцеларија да достави пратка. 52 годишниот маж, се извинил за глупоста која ја направил но, објаснил дека тоа го сторил само за да ја насмее симпатичната млада девојка, вработена во канцеларијата во која тој требал да ја достави пратката. Сѐ што сакал, е да предизвика насмевка на нејзиното лице. Девојката на полицијата и рекла дека не го смета за нормално тоа што поштарот го направил, но сигурна е дека тој немал намера да ја повреди.