Кафанџиите се соочуваат со нов проблем по донесувањето на законот за забрана на пушење во угостителските објекти. Таков пример дадоа шкотланѓаните. Еден пар кој бил во еден од најлуксузните ресторани, и направиле прилично вискоа сметка, нарачувајќи скапи јадења заминале надвор да запалат цигара и повеќе не се вратиле. Нарачале десерт и излегле со изговорот надвор, и нивната трага се изгубила. Сега се смислуваат начини како да се регулира излегувањето на цигара. Кафанџиите предложуваат да се оставаат кредитните картички при влез во ресторанот како би имале гаранција дека сметката ќе биде платена.