Повторно искри на Корејскиот полуостров

19 декември, 20100
korea_map

Јужна Кореја и покрај сериозните предупредувања до Северот утрово ги почна воените вежби на островот што, поради слични маневри пред месец дена, беше цел на бомбардирање од Северна Кореја.Агенцијата Асошиејтед прес јавува дека на островот Јоенпијеонг се чула зачестена артирелиска стрелба. Островот е само 11 километри оддалечен од брегот на Северна Кореја. Пјонгјанг во последниве денови предупредуваше дека во случај на нови воени маневри на територијата која останува спорна, бидејќи и двете држави сметаат дека имаат право на неа, ќе одговорат уште поагресивно од претходно.
Вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации, посветена на кризата на Корејскиот полуостров и начините за спречување на нејзина ескалација, завршена е без резултат, по повеќе од осум часа расправа зад затворени врати, јавуваат агенциите.
Рускиот амбасадор во ОН Виталија Чуркин, на чие барање е одржана вонредната седница, изјавил дека членовите на Советот не успеале да се согласат околу заедничко соопштение.
“Не успеавме да ги премостиме сите разлики“, рекол Чуркин и ја повикал Јужна Кореја да се воздржи од најавените артилериски вежби со боева муниција.
Амбасадорката на САД Сјузан Рајс изјавила, до друга страна, дека САД и некои други членови на Советот за безбедност барале осуда за Северна Кореја поради двата напади оваа година, но дека Кина на тоа силно се спротивставила.
Иако претставници на некои земји се уште треба да се консултираат со своите влади “постајат разлики кои тешко ќе бидат премостени“, рекла Рајс.
Кина и русија вчера ги повикаа Северна и Јужна Кореја да почнат разговори, покажуваат воздржаност и да избегнат чекори кои би можеле да ја зголемат напнатоста на Корејскиот полуостров.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi