Преживеала пад од 12-ти спрат

10 декември, 20100

Кинескиња во Сингапур, го преживеала падот од 12-ти спрат, а потоа е обвинета за обид за самоубиство. Дваесетишест годишната Zhou Zhi Hui по бурна расправија со сопственикот на станот, незгодно се потпрела на оградата од балконот и паднала од 40 метри висина. Најголемата среќа е што паднала во базен кој би полн со вода околу 0,5 до 1,35 метри, што во овој случај било доволно таа да остане само полесно повредена. Zhou Zhi Hui била уапсена бидејќи во текот на расправијата се заканувала дека ќе се фрли од прозор. Обидот за самоубиство во Сингапур е незаконски и прекршителите можат да бидат казнети и до една година затвор. Кинескињата негирала дека сакала да се самоубие, и изјавила дека таа сакала само што побрзо да го напушти станот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma