Пријавил 300.000 евра кои ги пронашол во ново купениот имот

slobodan22 декември, 20101min00
euros

Ферат Каја, 33, од Белгија купил имот, поранешна филијала на Банката Дексија по цена од 153.000 фунти. Кога започнал со реновирање, пронашол стар сеф. Тој заедно со уште неколку пријатели со помош на стап успеале да го отворат сефот. Во него избројале 255.000 фунти, или од прилика 300.000 евра. Но, таткото на Ферат, кој е со турско потекло веднаш се јавил во полиција за да го пријави случајот. Сметал дека има должност да го направи тоа затоа што тоа се нечии пари, и дефинитивно станува збор за човечка грешка. Заедно со парите стоеле и документи кои потврдувале дека парите се оставени во сефот на 31 декември, 2001 година. Истрагата е во тек, и веќе се размислува за можната награда за искрениот човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma