Локалните власти потврдиле дека една жена која живее на Флорида е заболена од колера, и дека уште неколку лица се испитуваат кои ги имаат симптомите слични на болеста, но кај нив сеуште не е потврдено постоењето на колера. Жената била во посета на своите роднини на Хаити, каде се заразила, а болеста и е откриена по враќањето во САД. Властите тврдат дека нема простор за паника, бидејќи доста се мали шансите да заболи уште некој. Колерата најбрзо се шири преку заразена вода и храна, составот на водата на Флорида е на високо ниво со што се намалуваат шансите болеста да се прошири. Досега болеста во Хаити однесе 1100 живота, а 18 илјади се болни.