На Србија и се заканува мутираниот вирус на свинскиот грип кој веќе во Велика Британија уби неколку луѓе, а како што пренесуваат медиумите се чекаат резултати од Лондон кои ќе докажат дали првиот случај на вирусот веќе се појавил во Србија.
Испратени се примери на лица од Србија кои минатата година ја преживеаја сезоната на грипот, откако докторите пронашле некаков вид на мутација на вирусот. Мутираниот вирус на свинскиот грип први го забележаа австриските доктори на почетокот на годината, а минатата недела забележани се и нови случаи во Велика Британија, каде починаа 10 лица, а вирусот повторно се појави и во Шведска и Финска.
Извор: Нетпрес