Една бабичка од Британија Clare Pearce, од несакајќи може да влезе во книгите за рекорди, бидејќи како што таа тврди ја поседува најдолгата краставица во светот. Краставицата е долга 119.4 cm, а сегашниот рекордот го држи краставицата на Frank Dimmock од Thame во Oxfordshire и изнесува 104.8 cm. Бабата ги поканила официјалните лица од Гинисовата книга на рекорди да дојдат на увид и да потврдат дали таа е вистина најдолгата краставица во светот. Ни самата таа незнае како краставицата никнала толку голема, изјавила дека едноставно секој ден само си ја полевала со вода.