Северна Кореја испукала неколку артилериски гранати преку западната поморска граница. Јужна Кореја возвратила, говорат најновите информации.
Неколку гранати паднале на јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг, во близина на спорната морска граница меѓу двете држави. Според локална телевизиска станица таму неколку куќи гореле, пренесуваат светските агенции. “Артилериска единица на Северна Кореја извршила огнена провокација во 02:34 часот по локално време (05.34 часот по средноевропско време). На ова јужнокорејските сили веднаш го возвратиле огнот во самоодбрана“, било наведено во соопштението на портпаролот на министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Извор: Нетпрес