Во текот на 2009 година во Европа се откриени и регистрирани 24 нови психоактивни супстанци, според извештајот на европската агенција за контрола на наркотици. Овие бројки се најголемите кои се регистрирани, и се двојно поголеми за разлика од минатата година. Во извештајот е наведено и се потешката борба со шверцерите особено за кокаинот, кои имаат се понапредни техники за шверц и распространетост на дрогата во европските држави. Годишно во Европа околу 1000 луѓе умираат од кокаинот, а најголем број кокаински зависници се регистрирани во Британија и Шпанија. Во текот на 2008 та година, низ цела Европа примени на лекување од кокаинска зависност биле околу 70.000 луѓе. Употребата на марихуаната е се позастапена во деловите на источна Европа, и скоро го достигнува нивото на употреба како и во западна. Меѓу младите поточно на возраст меѓу 15 и 34 години, најмногу марихуана се употребува во Чешка, каде оваа дрога се користи од 28,2% од младите, потоа следуваат Словачка и Естонија. Во западноевропските земји најголем процент корисници се забележани во Италија, Шпанија и Франција.