Рено ни ги донесе првите погледи од сосема нов концепт, кој ќе се најде на насловните страници на париското мото шоу на крајот на годината. Двосед купе е првиот модел создаден од главниот дизајнер на Рено, Лоренс ван ден Акер, каде се претпоставува дека инспирацијата ја добива од новото стилско мото ¬“Возете ја промената”. Под кривите линии и атрактивната каросерија (која најверојатно нема да остане непроменета до финалната верзија пред концептот да стане реалност) се наоѓа електричен мотор, кој претставува последна серија на електрични мотори во производната линија на Рено без емисија на гасови. Буквата З во називот “DeZir” е референца на ова.
Како Fluence и другите електрични автомобили на Рено, така и DeZir е создаден да работи со батериската технологија на компанијата Quick Drop. Со батеријата, автомобилот е во можност да помине 100 милји и може да се наполни до 80% од својот капацитет за само 20 минути. Станува збор за повеќе од само автомобил со слаби емисии, и Рено тврди дека е во можност да забрзува до 62 милји за само 5 секунди. Батерискиот систем е сместен на средина во позадината на автомобилот, со цел да ја подобри тежината, а со тоа и самиот баланс на автомобилот.