Романија ќе отпушти 26 илјади луѓе од јавниот сектор

slobodan11 ноември, 20101min00

Според официјалните соопштенија, владата на Роминија ќе отпушти 26 илјади луѓе од јавниот сектор, додека платите во јавните претпријатија во средината на оваа година се намалија за 25%. Сите овие пресметки се направени само за да може романскиот буџетски дефицит да се доведе на ниво под 7%. Плановите за заштеда, рестрикции и реконструирања на државниот сектор ќе има и наредната година. И покрај бранот на отпуштања во Романија и понатаму остануваат околу милион и триста илјади државни службеници и вработени во јавен сектор. Барањето за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор беше барање испратено од ММФ. Новопримените членки во ЕУ Бугарија и Романија често пати се мета на остри критики од страна на Брисел, највеќе заради правосудството, полицијата и нерегулираната финансиска состојба, поради шти им беше блокиран дел од парите од страна на ЕУ, како еден вид притисок да продолжат побрзо со реформите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma