Samsung се вклучи во трката на комплетен HD smartphone

24 септември, 20100
Latest-Samsung-Smartphones

Samsung најави двојадрен процесор за smartphone и таблет уреди. Како што е најавата, чипот ќе поддржува 1080p видео. Процесорот именуван Orion ќе се состои од две јадра од по 1 Ghz. Главна придобивка кај двојадрените системи е тоа што додека едното јадро се справува со палета на различни процеси, другото со полна снага работи на особено интензивен процес. Најчестата примена на двојадрените процесори со нивната полна снага беше всушност за гејминг системите, за видео процесирање и слично. Тоа сега се менува со новите двојадрени телефонски уреди. Orion ќе поддржува HD видео на 1080p резолуција со 30fps. Ова е една од најмоќните видео резолуции, а 30 рамки во секунда е навистина брзо и мазно за човечкото око. Исто така, новиот чип на Samsung ќе поддржува и 3D графика што може за пет пати да ја зголеми брзината на истоимениот процесор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *