Се оддржаа Британските модни награди

9 декември, 20100

Во Лондон, се оддржаа британските модни награди на кои беа доделени оскарите за модата. Креаторката Фиби Филио доби ја доби наградата за најдобар британски дизајнер, додека втората по значајна награда отиде во рацете на моделот Лара Стоун.
За ценетата модна награда Isabelle Blow се бореа модните фотографи Ник Најт, стилистот на светски популарната поп-пејачка Лејди Гага, Никола Формичети кој е уредник на јапонското издание на списанието Vogue Homme.Викторија Бекам за прв пат се најде во категоријата за најдобар дизајнерски бренд на годината. Британскиот модел и ТВ водителка Алекса Чунг ја доби наградата за “Британски” стил, човек кој најдобро го промовира лондонскиот стил во Лондон. Топ моделот Наоми Кембел ја прими специјалната награда за 25-годишната особено успешна кариера како модел.
Победници на Британските модни награди по категории за 2010 година се:
Награда за исклучителен придонес за модниот дизајн: Александар Мек Квин Ли
Награда за најдобар дизајн на модни додатоци: Николас Кирквуд
Моден бренд на годината : Mulberry
Најдобар дизајнер за машка облека: Патрик Грант
Модел на годината: Лара Стоун
Специјална награда Isabella Blow : Никола Формичети
Награда за британскиот стил: Алекса Чунг
Посебна награда: Наоми Кембел
Награда за иновација: Burberry

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *