Северна Кореја денеска ја предупредила Јужна Кореја дека нејзината соработка со САД и Јапонија можела да доведе до нуклеарна војна на поделениот полуостров, пренесува Асошиејтед прес. Предупредувањето било дел од коментарот на државната новинска агенција во главниот весник во Сверна Кореја, кој се појавил бидејќи денеска јужнокорејската морнарица започнала петдневни артилериски вежби на 27 локации.
Јужна Кореја се обидела да ја смири тензијата укажувајќи дека поморските вежби кои ќе траеле до петок се рутински и дека нема да се одвиваат блиску до спорната морска граница во Жолтото море. Меѓутоа, Северна ја обвинила Јужна Кореја за соработка со САД и Јапонија со цел да се зголемел притисокот врз Пјонгјанг. “Таа соработка не е ништо друго освен предавство кое ќе ја зголеми тензијата на полуостровот и ќе привлече тенмни облаци на нуклеарна војна”, се наведува во највлијателниот севернокорејски весник, Родонг Синмун.
Извор: Нетпрес