Шакира снима Божиќна реклама за едно пенливо вино. Моментално е во Барселона каде се одржува снимањето. Таа за овој ангажман ќе добие хонорар од 500.000 евра, и ќе го даде за добротворни цели. Парите ќе бидат наменети за изградба на училишта, едно во Колумбија и едно на Хаити. Пејачката изјавила “Правото на образование се стекнува со самото раѓање, а квалитетното образование е само алатка што децата можат да ја искористат понатаму во животот за да своите соништа ги претворат во стварност. “