Колумбиската пејачка Shakira, наводно успеала да го освои играчот на Barcelonа Gerard Pique. Тие се запознале за време на овогодинешното светско првенство во фудбал. Од тогаш, шпанските медиуми успеале да ги уловат заедно пред еден хотел во кој се пишуваше дека поминале два дена. Новите гласини се дека Shakira и Pique минатиот викенд ја активирале својата љубовна романса во шпанскиот град Blanes. Интересно е што и двајцата се верени но, не еден со друг. Shakira со својот вереник Antoniјо de la Ruе, а Pique со Nuria Tomas.