Њујоркшки судија ја одобри продажбата на листата од тринаесет страници со имиња, за која се кажа дека е оригиналната листа на Оскар Шиндлер. Имало обиди да се блокира продажбата која може да достигне и повеќе од 2 милиони долари. Познато е дека биле направени седум листи, а се зборува дека само четри од нив сеуште постојат. Оваа најновата листа е единствената која е останата во приватни раце. Обидите на познатиот германец Шиндлер, да спасува илјадници Евреи бегалци во нацистичката Германија, станаа познати во филмот на Стивен Спилберг од 1993 година.