Што да направите за вашиот партнер?

27 септември, 20100

Доколку немате добар сексуален живот со вашиот партнер, можно е да го оддалечите од себе. Прочитајте неколку работи кои жената никогаш не треба да ги направи. Мажите секогаш ќе бидат мажи, и без разлика на се, тие никогаш нема да размислуваат ни за секунда како жените. Затоа, кога се зборува за сексот, двата пола имаат свои специфичности.
За мажите, романтиката и сексот не се синоними. На пример, ако вашиот партнер сака да имате секс во моменти кога не сте расположени или кога не владее романтична атмосфера, можеби треба да размислите два пати пред да кажете не. Девојките треба да бидат префинети, но не и во креветот. Обидете се да го заведете партнерот, гласно покажувајте го вашето задоволство и најважно од се, секогаш искажувајте ги вашите сексуални желби пред партнерот. Важно е да знаете дека мажите не умеат да ви ги читаат мислите, иако повеќето жени би сакале да е така. Верувајте дека партнерот ќе биде благодарен што ги делите вашите тајни сексуални фантазии со него. Тоа ќе го ослободи од притисокот и ќе даде се од себе за да ве задоволи. Жените треба да знаат дека мажите постојано фантазираат за секс и еден од најдобрите начини да го задржат својот партнер е да се обидат да ги задоволат и неговите фантазии. Разноликоста и промените влијаат многу позитивно на сексуалниот живот. Доколку не истражувате, никогаш нема да дознаете колку сексот ќе ви го промени расположението. На пример, доколку вашиот партнер сака да испробате некоја нова поза, немојте веднаш да го одбиете. Ако се обидете, тоа не значи дека мора да ви се допадне, а се разбира тоа треба да му кажете и на партнерот. Најважно е да знаете дека љубопитноста и експериментирањето во сексуалните односи со партнерот се многу подобри отколку срамежливоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi