Дуњата е позната како лековито средство кое се користело уште во најраната медицина, а била најпозната како средство кое на ублажува кашлицата. Најлековити и се семките, кои одкако ќе одстојат во вода, помагаат кај проблемите со кашлањето. Слузта која се добива од семките во вода, исто така може да се користи и кај малите изгореници. Сокот од дуњата се користи за обнова на слузокожата на желудникот и усната шуплина. Исто така се користи кај децата против пролив.
Припремете сируп за бронхитис. Издробете 5 гр семки и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се направи густа слузаста маса додадете 15 гр свеж сок од боквица и 100 гр мед од жалфија. Земајте по една лажица три пати на ден, пред јадење.
Мелем за изгореници. Издробете 10 гр семки од дуња и прелијте ги со 200 мл вода, и почекајте да се направи слузава маса. Нанесувајте на раната како облог.
Сок за желудник. Еден килограм дуњи измијте и ситни изрендајте ги, па процедете низ газа. Сокот испијте го одма затоа што брзо оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.