Двајца мажи Li Diji и Wu Suiqing, двајцата на 56 годишна возраст украле 46 бебиња во период од 2 години. Тие ги продавале бебињата по 4000£ едно, на фамилии во Фуџиан. Политиката на Кина за максимум едно дете по фамилија, остави многу очајни фамилии без наследници. Што е всушност причината за настанувањето на црн пазар од овој вид. Желбата за синови е посилна во селата каде што всушност е потребен син, кој ќе може се грижи за фамилијата. Децата биле бирани да бидат под една година и биле давани преку дополнителна мрежа на крадци во провинциите. Ќерките всушност биле чувани кај фамилијата на таткото. Li Diji и Wu Suiqing воделе група од 13 луѓе. После 4 месеци истрага полицијата ги фати членовите на оваа мрежа и сите 46 бебиња беа најдени и спасени. Синот на Ли изјави дека немал поим што прави татко му и дека не сваќа зошто го правел тоа кога бил од финансиски добро стоечка фамилија. Wang Chaoyang 55 годишен фармер бил убеден да купи бебе, не сваќајќи дека го крши законот. Тој добил 1 година затвор.