Српскиот пилот сепак не заспал?

18 ноември, 20100

Последните информации за падот на индискиот авион, според кои пилотот Zlatko Glušic спиел за време на летот и слетувањето, не се точни изјавил пилотот и директор на ЕР Индија. Тој самиот учествувал во истрагата, и тврди дека причина за несреќата близу Mangalor во кои загинаа 158 патника и членовите на екипажот, не била спиењето на пилот. Резултатите добиени од истрагата ќе бидат презентирани пред се на Индиската влада, потоа на парламентот, и на крај и јавноста ќе биде информирана за причините поради кои дошло до несреќата. Во меѓувреме индиските медиуми објавиле неофицијални информации дека црните кутии во авионот забележиле 90 минутно хрчење на пилотот. Директорот на ЕР Индија, кој е запознаен со деталите во истрагата кажал дека до несреќата најверојатно дошло поради повеќе фактори, кои за кратко време му се случиле на искусниот пилот. Тој изјавил и дека самиот аеродром е доста специфичен, се наоѓа на врв на брдо, и самиот случај е премногу комлексен за да се носат заклучоци дека некој спиел за време на слетувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *