Старица била запалена жива зошто племето ја прогласило за вештерка

30 ноември, 20100

Во Гана, 72 годишна старица била запалена жива, откако од племето ја прогласиле за вештерка. Жената била посипана со керозин и била запалена од страна на пет членови од племето. Таа била потоа однесена во болница, но по 24 часа подлегнала на тешките изгореници и починала. Персоналот од болницата згрозени од варварскиот чин го раскажувале случајот. Покрената е кривична пријава за петте особи кои учествувале во спалувањето на 72 годишната старица. Тие во својата изјава го признале делото, објаснувајќи дека го сториле тоа за да ги избркаат демоните од неа, со молитва, додека телото и горело во пламен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *