Најмалку 345 луѓе загинале во стампедо во Камбоџа, а повредени се уште најмалку неколку стотини.Метежот настанал кога неколку луѓе на мостот меѓу Пном Пен и блискиот остров Дајмонд настрадале од струен удар. Мнозинството загинати се удавиле во притоките на езерото Тонле Сап или биле прегазени, соопштиле властите.
Државната телевизија, повикувајќи се на извештаи од две болници, јавила дека меѓу загинатите има најмалку 240 жени.
Извор: Нетпрес