Супа од спанак со фета сирење

25 септември, 20100
SpinachSoup

На путер кусо пропржете исечкан кромид и згмечен лук. Налејте еден литар вода,додадете компири исечени на поголеми парчиња,кора од лимон и вегета. Гответе околу 15 минути додека компирите не омекнат. Оставете да се излади,а потоа сето тоа изматете го во електричен миксер. Вратете ја супата во сад и кусо гответе,потоа додадете го замрзнатиот спанаќ и остатокот од водата. Малку посолете и гответе усте околу 10 минути. На крај изматете ја слатката павлака и послузете со фета сирење. Совет: За оваа супа можете да да користите и свеж спанаќ. Во тој случај спанаќот крупно исечкајте го, кусо проварете го, исцедете го и изматете го во електричен миксер, а потоа додадете го во изматените компири.
(за 6 лица)
30 гр путер
150 гр кромид
2 чешниња лук
1 лажичка рендана кора од лимон
450 гр смрзнат спанаќ
1 кг компир
1,6 л вода
1 лажица бегета
150 гр фета сирење
150 мл слатка павлака
Време на подготовка: 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi