Светски ден за борба против сидата

30 ноември, 20100

Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден за борба против сидата. Според последните податоци, во светот живеат повеќе од 33 милиони луѓе заразени со ХИВ, а секоја година се инфицираат меѓу 2,3 милиони и 2,8 милиони нови луѓе. Загрижувачки е фактот што голем е бројот и на деца под 15 години кои се заразени со ХИВ. Според последните податоци од Обединетите Нации со ХИВ живеат 2,5 милиони деца помали од 15 години. Во Македонија оваа година се регистрирани 12 нови случаи на ХИВ позитивни и заболени од СИДА од кои четири од случаите се болни од СИДА, а кај осум лица е откриено дека се носители на ХИВ. Вкупно во земјава има 132 лица со ХИВ/СИДА. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека покрај хетеросексуалниот однос, доминатна причина за заразе се повеќе станува хомосексуалниот однос меѓу мажи. Овогодинешната кампањата “Светлина за правата“ има за цел да го нагласи фокусот на Светскиот ден за борба против ХИВ преку охрабрување на луѓето низ целиот свет да ги изгаснат светлата во клучните градски објекти во знак на сеќавање на поразителните ефекти на ХИВ /СИДА.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *