Таблет компјутер од Cisco

24 септември, 20100
cisco-cius-android-tablet

Американскиот гигант Cisco ќе лансира таблет компјутер за бизнис корисници. Cisco Cius работи со оперативниот систем Андроид на Гугл и и овозоможува осум часа работа на батеријата. Клиентите ќе можат да го тестираат Cius подоцна оваа година, а уредот ќе биде достапен во првиот квартал од следната година. Уредот тежи 0,52 килограми, што е помалку од тежината на iPad (0,68 кг) и има 7 инчен екран (17,8 цм), помал од екранот на овој уред на Apple (24,6 цм). За разлика од iPad кој нема камера, Cius има две. Едната е монтирана напред и овозможува HD видео стриминг, а втората е позиционирана позади и е 5 мегапиксели.Исто така, Cius нуди и и-меил, инстант пораки, веб прелистување преку Wi-Fi и 4G конекција и способност да произведе, уредува и споделува содржини кои се зачувани локално или на интернет. Cisco изјави дека уредот е дизајниран да им обезбеди на работниците “можност за пристап и споделување на содржината што им е потребна, од било кое место на мрежата”. Американскиот компјутерски гигант Dell го промовираше таблет компјутерот наречен “Streak”, кој исто така работи со поддршка од Андроид на Гугл. Apple изјави дека продале повеќе од три милиони iPad-и откако уредот излезе во продажба на 3 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber