Познатиот британски поп бенд од 90-тите Take That, по нивната најава за обединување и издавање нов албум, конечно премиерно настапија по 15 години, на познатото британско шоу X Factor. Најголемата ѕвезда Роби Вилијамс изјавил дека вечерта била магична. Милиони гледачи го следеа шоуто заради најдобриот машки бенд, кои пак го изведоа нивниот последен хит The Flood и изнудија огромен аплауз.