Пронајдено е писмо, на кое рачно е напишан текст од страна на Џон Ленон. Овој текст бил напишан уште во април 1966 година, нешто пред бендот да влезе во студио да го снима албумот Револвер. Сопственикот на писмото, го продава текстот во некогашниот дом на Џон, во Кенвуд. Стивен Мејкок, консултант за Бонхамс аукциската куќа, за продажба на предмети, вели: “Текстот е напишан на задниот дел од мала хартија што најверојатно му се нашла при рака … Тој сигурно имал мелодија во главата кога го почнал пишувањето на овие зборови. Во ова писмо можете да го видите креативниот процес на работа и идеите кои доаѓаат од него, како тој тоа го пишува. Тоа не е конечна верзија но е првичната идеја. ” Продажбата ќе се одржи во Лондон на 15 декември, а цената на овој текст изнесува 350.000,00 фунти.