Тери: Не го отпишувајте Челзи, не сме како Ливерпул

9 декември, 20100

Џон Тери смета дека не треба да се повлекула линија меѓу неговиот тим и тимот на Ливерпул, бидејќи “црвените” се надвор од борбата за титулата додека Челзи сеуште е во игра. Дефанзивецот на Челзи, Џон Тери смета дека неговиот тим сеуште има шанси да дојде до титулата во Премиер лигата, за разлика од Ливерпул. Минатата сезона “сините”, биеа шампиони, додека “црвените” завршија на седмата позиција. “Јунајтед не ја започна сезоната како што посакуваше, Арсенал губи бодиви на домашен терен од тимови кој се многу послаби. Ниту еден тим не може да каже дека игра добро. Добро е тоа што ние сеуште имаме шанси, додека Ливерпул веќе нема” изјави Тери и смета дека судбината на клубот е во рацете на играчите. “Нас не подркрева тоа што се е во нашите раце. Имаме потенцијал да ги совладаме Тотенхем и Арсенал и да се вратиме на врвот. Го направивме тоа во изминативе години па сметам дека можеме и сега. Сите знаеме дека не игравме добро во изминатите неколку недели, но имаме сеуште многу да покажеме” беше убеден англискиот репрезентативец прем трите најважни дуели во сезоната за тимот на Челзи кој во следните три кола се среќава со Тотенхем, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi