Торта од портокали

28 септември, 20100
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Тесто: Жолчките и шеќерот пенасто се матат,полека се додава изматениот цврст снег од белки и мелените ореви.Тестото се става во припремен калап за печење торта и се пече во рерна на умерена температура. Откако ке се испече тортата се вади од калапот. Фил: Жолчките и шеќерот се матат,се додава рум,изрендана кора од портокал и сокот од портокалот и непрестано се меша на тивок оган додека смесата не се згусне. Се трга од шпорет и се меша додека не се олади.Во оладената смеса се става пенасто изматен путер. Оладеното тесто го сечеме на половина. Првиот лист го мачкаме со филот и го покриваме со второто тесто. Глазура: Сокот од портокал и шеќерот се варат на тивок оган додека смесата не се згусне. Се трга од шпоретот усте малку се меша и се прелива тортата. Одозгора може да се украси со кришки од портокал. Се држи на ладно додека глазурата се исуши.
Тесто:
7 јајца
350 гр шеќер
350 гр ореви
Фил:
250 гр шеќер
4 жолчки
2 портокали
2 лажици рум
125 гр путер
Глазура:
1 портокал
125 гр шеќер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *