Видео игрите ги подобруваат социјалните вештини на срамежливите деца

24 септември, 20100
2009-04-videogames

Група научници од Кина откриле дека децата што поминуваат часови пред мониторите играјќи видео игри, полесно развиваат пријателства и ги подобруваат социјалните вештини. Игрите имаат поволно влијание врз срамежливите млади деца, бидејќи ја зголемуваат самодовербата. Научниците дошле до заклучок дека користа од видео и компјутерските игри е слична на онаа која децата ја остваруваат преку создавање пријателства во реалниот свет. Пријателството преку интернет е исклучително важно за оние кои се срамежливи и оние кои тешко се прилагодуваат во социјалниот живот, изјавила психологот Ејнџел Лунг. Таа предупредува дека сепак треба да се биде внимателен, бидејќи премногу долго играње на овие игри води кон слаби резултати во училиштето. Ова истражување е спроведено на повеќе од 600 деца во основните училишта и покажало дека тие во просек дневно поминуваат по 67 минути играјќи игри на компјутер, а 44 минути на плејстејшн. Скоро една петина од децата поминуваат повеќе од три часа на ден со оваа занимација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *