Независно од приведувањето на Џулијан Асанж, моментно светски најпопуларната интернет страница, Викиликс, продолжува со своите скандалозни откритија, објави руското радио “Ехото на Москва”, пренесува Нетпрес. Денеска на сајтот се објавени документи поврзани со судбината на затворниците од базата Гвантанамо. Според документите, американските дипломати правеле притисок на одредени земји за да прифаќаат затвореници до Гвантанамо. Претседателот на САД, Барак Обама, на пример, се согласил да се сретне со словенечкиот претседател само под услов ако оваа балканска земја се согласи да прифати најмалку еден затвореник од Гвантанамо. На држава од островите на Карибите, пак, и’ биле нудени милиони долари за прифаќање на група затвореници. Инаку, затворањето на озлогласениот американски затвор на Куба, беше едно од предизборните ветувања на претседателот на САД, Барак Обама.
Извор: Нетпрес