YouTube оди со емитување во живо

24 септември, 20100
images

YouTube одделот на Google ги тестира границите за натамошна понуда на видео канал во живо, што ќе им овозможи на други лица да емитуваат во живо преку истоимениот видео пребарувач. YouTube видео содржината ќе биде пристапна преку истоимената веб страна или пак преку апликација која ќе може да се вметне во веб страна или блог. Видео каналот во живо ќе се промовира на домашната страна на YouTube. Исто така, ќе постои и можност за гледачите и емитувачите меѓусебно да коментираат во живо на темите кои се емитуваат. Се што им е потребно на емитувачите е USB/FireWire камера. Овој потег на Google се соочува со зголемената компетитивност од страна на Facebook, што според ComScore го надмина Google како дестинација каде што корисниците го поминуваат времето онлајн. Засега, YouTube само експериментира со емитување во живо со одбрани партнери. Се уште не се познати плановите на YouTube за емитувањето во живо во иднина и дали оваа опција ќе биде достапна за сите корисници. Како попознати емитувања во живо до сега преку YouTube можеме да ги напоменеме концертите на U2 и одговорите на некои прашања од страна на Претседателот Обама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *