Темпото на економско заздравување од кризата во големите економии низ Европа е забавено според официјалните проценки. Германија како најголема економска сила во Европа, бележи остар пад во третата четвртина, со раст од 0.7% во споредба со рекордната експанизија од 2,3% во предходните три месеци. Во Франција БДП се зголеми за 0,4% помеѓу јуни и септември, за разлика од 0,7% во предходниот квартал. Во просек 16-те европски земји растот е зголем за 0,4%, што е намалување за околу 1% од растот досега. Италија исто така забележа пат од 0,5% на 0.2%. Во Велика Британија растот во третиот квартал бил 0,8%.