Четириесет и седумгодишниот параглајдерист Славе Герасимовски, вчера попладне почина по пад при лет над Скопска Црна Гора, извести полицијата. Несреќата се случила околу 13 часот додека тој со параглајдер летал над местото викано Рамно – Црн камен. Според информациите од полицијата, Герасимовски се наоѓал на висина од 60 до 70 метри висина пред да падна на земја. Како член на клубот Вертиго летал со сопствен параглајде. На помош му притрчале други лица и му укажле прва помош. Веднаш по несреќата била известена полицијата, која со хеликоптер го зела повредениот Герасимовски и се упатиле кон Ургентниот центар, но при летот кон болницата параглајдеристот им подлегнал на повредите.
Засега не се познати причините за падот на Герасимовски и што тргнало на лошо при летот.